Во Скопје викендов ќе се прска против комарци

На подрачјето на градот Скопје викендов ќе започне првата фаза од авионската и терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци.
-Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 18.05.2019 (сабота) и на 19.05.2019 (недела), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција, на подрачјето на Град Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе започне на 19.05.2019 и ќе заврши најдоцна до 23.05.2019 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден, соопштуваат од Град Скопје.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.