Во Скопје вчера казнети 35 возачи за брзо возење

Вчера во Скопје биле преземени мерки и активности, пришто било констатирано дека 35 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 25 возачи од кои: 19 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и шест возачи затоа што биле возачи-почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 22 возила бидејќи биле нерегистрирани.


Санкционирани се шест возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца возачи поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, еден возач на моторцикл поради неносење заштитен шлем, шест возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 15 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците санкционирани е еден пешак поради поминување коловоз вон пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 100 мандатни платни налози и 66 возила се подигнати со специјално возило “пајак”. Изминатиот ден се случиле 10 сообраќајни незгоди во кои седум лица се здобиле со телесни повреди.