Во Скопје и синоќа не се дишеше

Синоќа не само во Скопје туку и во цела Македонија не се дишеше, а маглата која ја имаше во Скопје само дополнително ја влоши состојбата. Мерните станици покажуваа дека ПМ-10 честичките се неколку пати над дозволеното, а најзагадено беше кај Ректоратот во Скопје.
Според мерните станици кај Ректоратот имаше 228 милиграми на метар кубен ПМ-10, Центар 176, Куманово 158, Струмица 157, Карпош 136 и Бутел 128 ПМ-10. Граѓаните на социјалните мрежи  упатуваа апели да не се излегува од дома, а тоа особено се однесуваше на родителите со мали деца.

Loading...