Во Скопје нов забавен парк со адреналински атракции

Новиот забавен адреналински парк “Мега“ кој го доби Скопје, е лоциран веднаш до СЦ “Борис Трајковски“.
“Мега“ нуди повеќе од 20 возења, од кои 10 се адреналински атракции, 10 фамилијарни возења и неколку интерактивни реквизити. Главни атракции во „Мега“ се Камикази, Кулата висока повеќе од 100 метри, Летечкиот килим, Брејк Денс, Ентерпрајз, Куќа на стравот и Поп Старс – возења, какви можеме да видиме низ светските тематски паркови.
Работното време на паркот од понеделник до четврток е од 17:00-00:00, во петок до 01:00, сабота и недела од 10:00-01:00 часот.

 

Loading...