Во Словенија секој трет тест е позитивен на Ковид-19

Loading...

Словенечкиот премиер Јанез Јанша вчера во Парламентот рече дека ако продолжат негативните трендови, општеството и економските активности ќе треба да се затворат.

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 1.669 новозаразени со корона вирусот, со рекордни 31,9 проценти позитивни тестови, а според стручните лица толкав број позитивни тестови е исклучително загрижувачки.

Министерството за здравство во Љубљана денска објави дека 1.669 заразени лица биле откриени за24 часа со 5.230 тестови, што значи дека речиси една третина од тестираните биле позитивни. Досега, најмногу позитивни наоди беа регистрирани на 28 декември минатата година, во екот на вториот бран на епидемијата, кога 30 проценти од тестовите беа позитивни.

Според податоците на Министерството за здравство, во моментов во болниците има 418 пациенти, од кои на 120 им е потребен интензивна нега, а само девет проценти од оние на интензивна нега се вакцинирани, рече Матеја Логар.

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...
Loading...