Во соба со 300 опасни миленици

Loading...

Во собата на Лијам Ендруза никогаш не сте сигурни дали некое страшно суштество ќе излезе од под креветот. Овој 16 годишен дечко собата ја дели со уште 300 егзотични животни. Негови цимери се змии, тарантули, гуштери, шкорпии, полжави, жаби, птици и неколку кучиња.

Најмалиот жител во неговата соба е тарантулата од три сантиметри, додека најголемиот е смог долг 162 сантиметри.
Неколку миленици се смртоносни, па повеќето луѓе неможат ова ни да го замислат. Меѓутоа ова и не му смета на овој тинејџер. Тој дури гледа и телевизија додека змиите му одмараат на рамена.
„Повеќе сакам животни, отколку луѓе. Имам околу 60 рептили и други егзотични животни кои спијат со мене во соба. Никој од нив нема побегнато. Мислам дека повеќето девојки не би сакале пајаци во мојата соба, па никогаш не ги поканувам кај мене“, вели Лијам.

Неговите родители го подржуваат својот син, иако се плашат од пајаци и змии. Секако, животот со толку змии не е лесен, па татко му еднаш сретнал две змии како се парат во купатилото.
Лијам првиот љубимец го купил кога имал шест години кога собрал доволно пари да купи хрчак.
Брзо сфатил дека егзотичните животни се негова страс па започнал да ги зима од прифатилишта, егзотични продавници, и преку интернет.Во собата на Лијам Ендруза никогаш не сте сигурни дали некое страшно суштество ќе излезе од под креветот. Овој 16 годи

loading...