Во Собранието започна лидерската средба, не дојдоа Касами и Апасиев

Целта на средбата е да се разговара за европскиот пат на Македонија, како и за одлуките што во иднина треба да се носат со широк политички и општествен консензус.

„Средбата која ја свикува претседателот на Владата, се организира со цел да се отвори дискусија за европската иднина, но и за одлуките кои во наредниот период треба да се носат во Собранието со широк политички и општествен консензус“, соопшти Владата на 2 ноември во најавата за свикување на средбата.

Во Собранието започна лидерската средба, не дојдоа Касами и Апасиев

На средбата присуствуваат лидерите на ДУИ Али Ахмети, на ДОМ Маја Морачанин, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на Алтернатива Африм Гаши, на Демократскиот сојуз Павле Трајанов, на ДПА Мендух Тачи, на ЛДП Моника Зајкова, на Гром Стевчо Јакимовски, како и претседателот на Собранието Арбен Џафери и потпретседателот на Собранието и лидер на НСДП Горан Мисовски.

Поканата уште во саботата ја одби лидерот на Левица Димитар Апасиев, а денеска, на еден час пред почетокот на лидерската средба, негативен одговор даде и претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.