Во сообраќајка во центарот на Скопје тешко повредено едно лице

Loading...

Ноќеска, 45 минути по полноќ било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Климент Охридски“ и улицата „Димитрија Чуповски“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „даеву тико“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Л.Г.(27) од Скопје и патничко моторно возило „шкода октавија“ со скопски регистаски ознаки, управувано од М.С.(39) од Скопје.
Во незгодата М.С. се здобил со тешки телесни повреди и му била укажана лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

loading...