Во сообраќајка на улица „Бутелска” тешко повредена скопјанка

Синоќа во 18:45 часот на улица „Бутелска” во Скопје се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „Фолксваген Туарег” со скопски регистарски таблички, управувано од С.П.М.(38) од Скопје и патничко возило „Рено 9″, исто така, со скопски регистарски таблички, управувано од М.П.(18) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила И.П.(48), сопатничка во возилото „Рено”. Таа била пренесена во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза” – Скопје каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.

 

Loading...