Во сообраќајки во Скопје за 24 часа 10 повредени

Loading...

Во Скопје изминатото деноноќие се случиле 12 сообраќајни незгоди од кои во девет се повредени вкупно 10 лица. Потешко се повредени три лица во три сообраќајки, а полесно седум лица во шест сообраќајки.
Според дневниот извештај на ЗСВР Скопје, со тешки телесни повреди се здобиле еден возач на патничко возило, еден возач на мопед и еден возач на мотоцикл.
Сообраќајната полиција санкционирала 45 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, а од сообраќај се исклуечни девет лица кои возеле пред да добијат возачка дозвола, две лица под дејство на алкохол и еден возач почетник, како и девете нерегистрирани возила.
Изминатото деноноќие евидентирани се и осум возачи кои зборувале на мобилен телефон, шест возачи кои не носеле сигурносен појас и 12 возачи на мотор, мопед или мотоцикл кои не носеле заштитен шлем.
Сообраќајната полиција издала 37 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило “пајак“ подигнати се 39 возила.

loading...