Во сообраќајна несреќа во Пакистан 22 загинати и 15 повредени

Loading...

Најмалку 22 лица загинаа, а 15 се повредени во автобуска несреќа што се случи во Пакистан, соопшти локалната полиција. До несреќата дошло кога автобус додека се движел по планински пат на северозападот на Пакистан удрил во брдо откако му откажале сопирачките. Непристапниот терен и недостатокот на опрема ги отежнала напорите на спасувачките екипи при извлекување на повредените.

 

 

loading...