Во сообраќајна несреќа загинаа 24 пакистански војници

Loading...

Најмалку 24 пакистански војници загинаа во саботата при превртување на автобусот со кој се превезувале во провалија покрај магистралниот пат кон границата со Кина, во планинскиот северен појас од Пакистан, јави порталот DOWN повикувајќи се на воен извори.

 
Според службата за цивилна заштита (ISPR), пак, во несреќата загинале 23 војници и две цивилни лица.
Во автобусот вкупно се наоѓале 27 лица, војници и цивилен возач, а несреќата се случила во областа Каракорум. Војниците од составот на Северниот баталјон на лесната пешадија (NLIB), биле упатени во провинцијата долината Сват, од каде со офанзивата во 2009 година беа протерани талибаните.
Несреќата се случила кај местото Самер Нула, како што се претпоставува, поради неприлагодената брзина по што возачот во остра кривина загубил контрола врз возилото коешто потоа се превртело во длабоката клисура.
„Сите 24 загинати се пакистански војници и во тек е операцијата за нивно превезување за што на помош е повикана воената авијација којашто треба да ги пренесе во Равалпинди”, изјавил за DOWN, офицерот за координација во дистриктот Кохистан, Акал Бадшах, кој додал дека засега настраданите се сместени во цивилната болница во Шитал.
Макфакс
Најмалку 24 пакистански војници загинаа во саботата при превртување на автобусот со кој се пре

loading...
Loading...