Во сообраќајна несреќа кај “Ред кафе“ во Аеродром тројца повредени

Loading...

Во сообраќајна незгода што попладнево се случи на улицата „Владимир Комаров“ во населбата Аеродром, непосредно до “Ред кафе“ повредени се три лица. Како што јавува МИА во сообраќајката учествувале „Мерцедес“ со бугарски регистарски таблички и „Мини“ со скопски регистарски ознаки, јавува МИА.
Според изјави на очевидци, во сообраќајната незгода се повредени возачот и сопатникот во „Мерцедесот“ со таблички од Ќустендил и жената што го управувала „Минито“. Сите тројца веднаш се транспортирани со возило на Итната медицинска помош.

 

loading...