Во страотен пожар во психијатриски болница во Украина загинаа шест лица

Најмалку шест лица загинале во пожар во психијатриска болница во украинскиот пристанишен град Одеса, соопштија локалните власти. Службата за вонредни ситуации соопшти дека четворица повредени се хоспитализирани.
Локалната телевизија извести дека меѓу шесте настрадани двајца се лекари.
Се уште не се знае причината за пожарот. Полицијата отворила истрага за можните прекршувања на правилата за безбедност. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази жалење за несреќата и повика на итна истрага за случајот.