Во судар на мотоцикл и “Алфа Ромео“ загина холандски државјанин

Откако управувајќи мотоцикл се судрил со автомобил “Алфа Ромео“ управувано од 19-годишен ресенчанец вчера загина 58-годишен државјанин на Холандија, со иницијали Р.В.
– На 25.04.2019 во 16:30 часот на крстосницата од ул.“Билбил камен“ со регионалниот пат Р-2331 Битола-Ниже поле, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Алфа Ромео“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.З. (19) од Ресен и мотоцикл “Дукати Мултистрада“ со холандска национална ознака, управуван од холандскиот државјанин Р.В. (58). Во незгодата возачот на мотоциклот Р.В., се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде починал. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Битола. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, информираа од полицијата.