Во судир во Чаир четворица повредени 

(фото: ТВ“21“)

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа што попладнево се случила на улицата „Емин Дураки“ во населбата Чаир во Скопје. Како што од терен јавува репортерот на ТВ“21“, повредени се три жени и едно дете.
Според очевидците, до несреќата дошло кога автомобил марка “Југо“ со голема брзина удрил во возило марка „Пежо 307“.