ВО ТЕКОТ НА ЕДНА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ 226 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛА НА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 226 непрописно паркирани возилакои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ско

Во периодот од 03.10. до 09.10.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 130 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 96 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.