Во тепачка во скопски Сарај повредени три лица, едно во критична состојба

Денес во автобус во скопски Сарај се случила жестока физичка пресметка меѓу две групи. Според неофицијалните информации до кои дојде КУРИР, повредени се три лица кои со убодни рани итно биле пренесени во болница. Како што неофицијално дознаваме, едно од повредените лица е во критична состојба и е пренесено на Ургентен центар.
КУРИР побара детали од МВР, кои по добивањето веднаш ќе ги споделиме со јавноста.

Loading...