Во Тетово загина вработен во ЕВН извршувајќи работна должност

Loading...

Вчера во Тетово загина 43 годишен маж додека ги извршувал своите работи должности. Според информациите на МВР, утрината во 09,30 часот во СВР Тетово било пријавено од вработен во ЕВН дека додека тој и неговиот колега Д.С.(43) од с.Милетино изведувале работи на отстранување на дефект од далновод во близина на с.Џепчиште-тетовско Д.С. паднал и починал на местото на настанот.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.

loading...