Во уривањето на зградата во Бангладеш над 750 загинати

Loading...

Бројот на смртно настраданите во најтешката индустриска несреќа во Бангладеш надмина 750, објави во средата воен извор, откако во текот на ноќта кон средата под урнатините на осумкатниот комплекс биле откриени десетици тела.Портпаролот на војската, полковникот Мир Раби за AFP, изјавил дека во моментот „податоците говорат за 752 загинати“. Според генералот, пак, кој раководи со операцијата за спасување, бројот на загинатите би можел уште да порасне.Осумкатниот комплекс „Рана Плаза” во предградието Саваре на бангладешката престолнина Дака се урна на 24-ти април во моментот кога во него имало 3.122 работника, ангажирани во неколкуте текстилни погони коишто шијат облека за познатите светски брендови, како и во продавници.Според првичните информации, причина за несреќата биле вибрациите од четирите моќни генератори коишто наеднаш почнале да работат и се совпаднале со вибрациите од илјадниците машини за шиење. Покрај тоа, претходниот ден работниците предупредиле дека на ѕидовите се појавиле пукнатини, но работодавачите и сопственикот на комплексот, кој е уапсен како и инженерите кои извршиле проверка на оштетувањата,ги убедиле дека нема опасност.Сите работници коишто успеаја да ја избегнат трагедијата во вторникот ја блокираа главната сообраќајница, барајќи ги заостанатите плати, отштета за повредите и за претрпениот стрес. Месечните плати, инаку, на вработените во ваквите текстилни погони во Бангладеш изнесуваат помалку од 30 евра, а шијата за брендови како што се „Primark” „Mangо”.
МакфаксБројот на смртно настраданите во најтешката индустриска несреќа во Бангладеш надмина 750, објави во средата воен извор

loading...
Loading...