Во фудбалскиот тим Карпати од Лавов 25 лица се позитивни на КОРОНА ВИРУСОТ

Loading...

Тимот на Карпати од Лавов е ставен во карантин откако за 25 лица е утврдено дека се позитивни на тестовите за коронавирусот.

Меѓу позитивните има фудбалери, членови на стручниот штаб и вработени во клубот. Биле тестирани вкупно 65 луѓе од клубот и дури за 25 се вратиле позитивни тестови. Најголемиот дел од позитивните немале никакви симптоми.

„Заразените се ставени во самоизолација, додека останатиот дел од клубот е ставен во двенеделен карантин и сите тренинзи и активности се прекинати“, стои во соопштението на украинската лига.

Во Украина лигата беше активирана пред некој ден, изминатиов викенд. Бројката од 25 заразени на Карпати му го донесе несимпатичниот наслов „рекордер во светот по број на заразени“.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...