Во Хургада отворен првиот хотел без алкохол

Loading...

Египетските туристички менаџери во текот на изминатиов викенд во луксузното летувалиште Хургада го прославија отворањето на првиот хотел во кој нема да се точат алкохолни пијалаци, што претставува чекор, како што се надеваат, кој треба да привлече и најконзервативните муслимански туристи во оваа светски популарна туристичка дестинација.

 
Хотелот „Le Roi” е еден од првите „безалкохолни” хотели отворени на египетскиот брег од Црвеното Море.
И покрај стравувањата дека таквиот и нему сличните хотели би можеле да ги одбијат странските туристи чиј број е значително намален по востанието од почетокот на 2011 година кога од власта беше соборен деценискиот претседател Хосни Мубарак, сопственикот на овој хотел, Јасер Камал смета дека отворањето на хотел во кон нема да се точат безалкохолни пијалаци нема никакво политичко значење, имајќи предвид дека на власт во Египет е исламистичкото движење Муслиманско братство, туку треба да се гледа како на сосема нова понуда на туризмот за гостите коишто ќе се одлучат за таква понуда.
Хотелот има 134 соби и 35 апартмани. На покривот од објектот има базен кој ќе го користат исклучиво жени, што е уште една предност кога станува збор за конзервативните муслимански туристи.
Пред востанието, во текот на 2010 година Египет го посетиле 14,5 милиони туристи, што на земјата и` донело 12,5 милијарди американски долари, но следните години имајќи ги предвид политичките превирања и тензии во земјата овие бројки се драстично намалени.
Макфакс
Египетските туристички менаџери во текот на изминатиов викенд во луксузното летувалиште Хургад

loading...
Loading...