Во швајцарските банки има 46 милијарди руски евра. Ќе завршат ли кај Украина?

Швајцарија соопшти дека 46,1 милијарди франци (46,4 милијарди евра) средства на руски граѓани и правни лица се депонирани во нејзините банки откако беа воведени санкциите кон Москва на почетокот од оваа година.

Швајцарија, која не е членка на Европската унија, но има блиски односи со неа, воведе санкции на ЕУ кон Русија откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во февруари.

Во швајцарските банки има 46 милијарди руски евра. Ќе завршат ли кај Украина?

Меѓу другото, санкциите забрануваат примање депозити од над 100.000 франци од руски граѓани и правни лица, компании или организации.

Постоечките депозити поголеми од тој износ требаше да се пријават до швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања до почетокот на јуни.

Секретаријатот објави дека 123 граѓани и јавни субјекти имале 7.548 „деловни односи“ со банки во Швајцарија со вкупна вредност од 46,1 милијарди франци (46,7 милијарди евра).

Уште 294 „деловни односи“ во износ од 400 милиони франци (405,6 милиони евра) се направени со Белорусија, близок сојузник на Русија.

Граѓаните на Швајцарија, или земјите во Европската економска област, или оние кои имаат дозвола за привремен или постојан престој на една од тие земји, не се засегнати од санкциите и забраната за префрлање пари на друга страна на чување, се додека депозитите под 100.000 франци не се пријавени.

Секретаријатот нагласи дека „нивото на пријавени депозити затоа не може да се изедначи со вкупниот износ на средства од руско потекло што се чуваат во Швајцарија“.

Околу 7,5 милијарди франци финансиски средства беа замрзнати во Швајцарија поради санкции од 25 ноември. Станува збор за средства во сопственост или директно контролирани од лица, компании и организации кои се под санкции на ЕУ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.