Во Шведска се забранува пушење и на отворено

Loading...

Од денес во Шведска стапува на сила забраната за пушење на отворено на некои јавни места, како што се игралишта и перони на железнички станици. Исто така со новите правила се забранува пушење во отворени делови на ресторани, како и во сепариња за пушачи, а забраната вклучува и електронски цигари.
Во 2005 година Шведска го забрани пушење во барови и ресторани. Во 2016 година 11 отсто од 10 милиони жители на Шведска пушеле, додека 10 отсто пушеле повремено, покажуваат официјалните податоци.
Целта на новиот закон е до 2025 година пушењето во таа скандинавска земја да биде целосно  забрането.

loading...