Во 24 сообраќајќи викендов во Скопје, двајца тешко повредени

И покрај блокадите на повеќе скопски улици во изминатиов викенд, заради митинзите на двете најголеми политички партии, бројот на сообраќајните несреќи не се намали. Во вкупно 24 сообраќајни несреќи само во Скопје две лица се тешко повредени, а 9 полесно.
Во редовните полициски контроли од сообраќај се исклучени 77 возачи, а добро работел и „пајакот“ кој  кренал 145 возила.