Вработен во тетовскиот затвор нашол бомба до колата

Loading...

Вработен во тетовскиот затвор нашол бомба до колата

Во полицијата во Тетово, Г.А.(30) од Тетово, вработен во КПУ „Тетово” во Тетово вчера во 10 часот пријавил дека на просторот во близина на оваа установа, покрај патничко моторно возило „фолксваген бора”, со тетовски регистарски ознаки, во негова сопственост, забележал експлозивна направа (рачна бомба „кашикара”).

„Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово, а бомбата е подигната за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...