Вработен на Онкологија барал 100 евра од пациентка болна од рак за да ѝ даде имунотерапија

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 24-годишник од Дебар за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 6 во врска со став 2 и став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Тој во два наврати директно побарал и примил подарок за себе за да изврши службено дејствие кое што би морал да го изврши – да издаде имунотерапија за една пациентка, иако терапијата бил должен да и ја издаде од аптеката во рамки на клиниката, по издаден медицински извештај од лекар – специјалист.
Вработен на Онкологија барал 100 евра од пациентка болна од рак за да ѝ даде имунотерапија

Во септември и октомври 2022 година, како вработен на Универзитетската клиника за радиологија и онкологија во Скопје, осомничениот со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики.

Тој во два наврати директно побарал и примил подарок за себе за да изврши службено дејствие кое што би морал да го изврши – да издаде имунотерапија за една пациентка, иако терапијата бил должен да и ја издаде од аптеката во рамки на клиниката, по издаден медицински извештај од лекар – специјалист.

-К.У., вработен во Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија-Скопје, постапувајќи во рамките на своите службени овластувања, за да издаде терапија од аптеката на клиниката за пациентка, по издаден медицински извештај од лекар од клиниката за месеците септември и октомври 2022 година, побарал парична награда – поткуп во износ од 100 евра и истите ги примил на средба со пациентката на 21.10.2022 пред влезот на клиниката. Исто така, претходно, во месец август 2022, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе по издадена терапија на пациентот, побарал и примил од истата пациентка парична награда во износ од 50 евра.
По пријавување на случајот од страна на пациентката во ОСОСК, преземени се мерки и активности и на 21.10.2022, на средба помеѓу нив двајца пред задниот влез на клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје, откако истиот ѝ ги побарал паричните средства за две последователни терапии, пациентката му ја дала паричната награда – банкнота во апоен од 100 евра, по што истиот е лишен од слобода и при извршен преглед во полициска станица, кај него е пронајдена банкнотата во апоен од 100 евра,велат од МВР.

Надлежниот јавен обвинител, со цел обезбедување на присуството на осомничениот во текот на постапката, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување повеќе мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска на обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен државен орган, привремено одземање патна или друга исправа на осомничените за преминување на државна граница, забрана за приближување и одржување контакти со оштетената и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.