Временска најава за утре- До кога ќе биде пеколно топло

Loading...

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб претежно североисточен ветер. Минималната температура ќе биде помеѓу 14 и 23, а максималната ќе е помеѓу 34 и 41 степен. УВ индексот 9.
Во Скопје,сончево и многу топло со мала облачност и слаб до умерен североисточен ветер. Т-ра: 21/39 степени.
До среда ќе се задржи сончево и многу топло време. Ќе биде активирано жолто, а во некои подрачја и портокалово ниво за опасност од високи температури, а и индексот на УВ зрачење ќе е особено висок.

loading...