Времето денес нестабилно со дожд и грмежи

Loading...

Времето во земјата денеска на повеќе места ќе биде нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. Според УХМР, на места и особено на северот и истокот процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град.
Утринската температура ќе се движи помеѓу 11 и 19, а дневната ќе достигне од 24 до 31 степен Целзиусов. УВ-индексот ќе изнесува 5.
Во Скопје и околината, претпладне ќе има сончеви периоди и услови за краткотраен дожд, а попладне повремено пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 29 степени.
Во недела и понеделник нестабилноста ќе се намали, а претежно во планинските региони ќе има услови за појава на краткотраен дожд во недела со ретки грмежи. Во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно време со повремено зголемена облачност.

loading...