Времето денес – сончево и топло

Loading...

Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, и слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 1 до 8, а дневната од 18 до 23 степени.
И во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 7, а дневната ќе се искачи до 21 степен.
Наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со повремено зголемување на облачноста, особено во четврток. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, а температурата ќе биде во постепено опаѓање.

loading...