Времето денес: Ќе има и сонце, и пороен дожд со грмежи

Во Македонија времето претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Минималните температури ќе се движат од од 11 до 19 степени, а максималните од 26 до 34 степени Целзиусови.
И во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 31 степен.

Loading...