Времето целосно се менува- Следи невреме но и првиот топол бран

Loading...

Полека но сигурно летото ни доаѓа а тоа може да се забележи по поизразениот топол бран кој кај нас ќе стигне од овој викенд па и во текот на следната недела и истиот значително ќе ги покачи максималните дневни температури на воздухот.

Сепак атмосферата и покрај ова нема да биде во целост стабилна па така во текот на попладневните часови не се исклучува можноста за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град и тоа поради загреаната атмосфера исполнета со енергија поради топлиот бран кој го очекуваме.
Особено од недела па во текот на следната недела максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени додека во најтоплите региони истите се очекува да се искачат и над 32 степени.

loading...