Врнежливо и студено време деновиве

Loading...

Времето денеска променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, на места пообилни, особено претпладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветр од југоисточен ветер.
Минималната темпераута ќе се движи од 5 до 10 степени, а максималната од 12 до 18 степени.
И во Скопје, променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Температура од 8 до 16 степени.


Во наредните два дена времето ќе биде променливо облачно и постудено со повремени локални врнежи од дожд, особено утре.
Во вторник во попладневните часови облачноста насекаде ќе се намали, а во среда и четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер. Повторно затоплување се очекува од петок.

loading...