Вулканизерот кој го спаси Велес од стравотна експлозија

Loading...

Додека пожарникарите со вода го бранеа плацот на „Вулканизер Дина“ на влезот од Велес, храброста на сопственикот да влезе во магацинот и од него со виљушкар да изнесе 12 оксигенски боци спречи голема експлозија која најверојатно ќе направеше невидена штета и ќе се одразела до бензинската пумпа кај Башино Село, па и со Велес.
Спасивме голема катастрофа што можеше да се случи кога орнот висок осум метри се префрли преку автопатот Скопје – Велес и влезе во дворот на „Вулканизер Дине“.

Додека пожарникарите со вода го бранеа плацот храброста на сопственикот да влезе во магацинот и од него со виљушкар да изнесе 12 оксигенски боци спречи голема експлозија која најверојатно ќе се одразеше над бензинската пумпа и Башино село па и над Велес.Сакам да им се заблагодарам на помошта на сите кои се одзваа на повикот за помош и помогнаа во справувањето со огнената стихија на езеро Младост, вели командирот на велешката Територијална противпожарна единица Љупчо Липидовски.


Дека условите за работа на пожарникарите се лоши посочи и градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.
Планираме што побрзо да се исчистат овие опожарени површини и да ги подготвиме за есенското садење, а добро ќе размислиме со што ќе ги пошумиме. Во противпожарните единици имаме недоволен број пожарникари, возилата и опремата се многу стари и недоволно, рече Коцевски.

loading...