Вучиќ: Ако не добиеме датум, ќе биде тешко да им се објасни на граѓаните

Loading...

Би било лошо Србија да не добие датум за почеток на преговорите со Европската унија(ЕУ) бидејќи тоа би било тешко да им се објасни на граѓаните, изјави српскиот вицепремиер Александар Вучиќ на прес конференција во Дубаи.

Според Вучиќ, Србија направила многу и верува дека неговата земја, кога станува збор за датумот, ќе чуе добра вест.
Српскиот вицепремиер нагласи дека српската делегација која во среда патува во Берлин, ја очекуваат тешки разговори во кои треба да им објаснат на германските соговорници што направила Владата, а што граѓаните на Србија, во изминатите 200 дена.
Макфакс
Би било лошо Србија да не добие датум за почеток на преговорите со Европската унија(ЕУ) бидејќ

loading...