Вучиќ не ја исклучува можноста од предвремени избори

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ синоќа дека не ја исклучува можноста од предвремени парламентарни избори.
“Редовните избори се во март идната година, но не исклучувам да бидат и порано. Народот секако наскоро ќе каже“, рече тој за ТВ “Пинк“, додавајќи дека очекува на тие избори да победи неговата Српска напредна партија. Тој потсети дека оваа партија во текот на оваа година треба да одржи конгрес. Вучиќ се соочува со протести на опозицијата која бара негова оставка.