Вчера вечерта земјотрес ја стресе Албанија

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала синоќа во 20:27 часот бил регистриран во Албанија. Епицентарот на земјотесот бил на околу 30 километри северо-западно од Ѓирокастро, град во јужниот дел на Албанија, и на околу 13 километри од Химара, град исто така во јужна Албанија. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за предизвикана материјална штета, или пак повредени лица.