Вчера државата била енергетски самодоволна. Сами произведовме струја колку што ни требаше

АД ЕСМ на 26.10.2022 година произведе 11.569 MWh електрична енергија.
 
Во Термоелектраните произведени се 8.449 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.120 MWh.  

Вчера државата била енергетски самодоволна. Сами произведовме струја колку што ни требаше

Производството на електрична енергија во АД ЕСМ за потребите на регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи) се одвива непречено во двата блока на РЕК Битола и во Подружницата Енергетика.
 
Во РЕК Битола производството е интензивирано заради испадот на РЕК Осломеј каде се санира пукната цевка во котелот, што најчест дефект во термоелектраните. РЕК Осломеј треба да биде повторно на мрежа од сабота, 29 октомври.  

АД ЕСМ на 26.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.