Гавазова со семејството ја напуши Шведска

Loading...

Нашата позната фолк пејачка Сузана Гавазова, која веќе шест години живееше во Шведска, се врати во земјава. Со сопругот Јасмин Курузовиќ и со ќеркичките Емили и Селена ќе живее во Скопје и ќе ја продолжи кариерата на домашен терен, пишува “Фокус“.
Фолкерката заедно со сопругот и ќерките живееше во Шведска откако се омажи, но во повеќе наврати досега истакнуваше дека иако се навикнала на животот таму, сепак, многу и недостасува Македонија, па затоа и често се враќа.
Иако пејачката има стан во родната Струмица, сепак решила Скопје да биде нивното ново место на живеење, па отсега веројатно и почесто ќе ја среќаваме.

 

 

 

loading...