Генералот Ален оди во пензија не на чело на НАТО

Loading...

 Американскиот генерал Џон Ален кој беше на чело на силите на НАТО во Авганистан до почетокот на февруари, одлучил да се повлече во пензија, и да не ја презема должноста командант на силите на НАТО во Европа, објави во вторникот американскиот претседател Барак Обама.„Џон Ален е еден од најдобрите американски воени команданти, вистински родољуб и човек кого извонредно го почитувам“, соопшти американскиот претседател Барак Обама по состанокот на кој 60-годишниот Ален побарал, и добил, пензионирање поради семејни причини.Генералот Ален претходно беше вмешан во аферата околу недоличната размена на електронска пошта поради којашто си замина директорот на американската централна разузнавачка агенцијa CIA,, генералот Дејвид Петреус. Ален е ослободен од сите обвинување. Денешното соопштение на Обама не ја споменува таа истрага.Петреус ја напушти својата функција во почетокот на ноември, откако беше објавено дека 59-годишниот шеф на CIA имал афера со биографката Пола Бродвел. Нивната врска беше предмет на истрага на федералното истражно биро FBI по жалбата од Џил Кели, чие семејство се пријатели со семејството Петреус,  која работела во една од американски воени бази дека добива заканувачки пораки. Истрагата откри дека командантот на силите на НАТО во Авганистан, Џон Ален имал разговор со Кели, и испратил материјал од 20 до 30 илјади страници. Во оваа смисла, тој беше осомничен за протекување доверливи информации.„Му посакувам нему и на семејството сѐ најдобро во моментот која отвораат ново поглавје, а ние ќе продолжиме да работиме на извонредните достигнувања што ни ги остави генералот во Авганистан“, се наведува уште во соопштението на американскиот претседател.Генералот Ален претходно за весникот The Washington Post изјави дека сега ќе се насочи на помош на својата сопруга која боледува од автоимуна болестОд седиштето на НАТО во Брисел порачаа дека „во целост ја разбираат одлуката на генералот Џон Ален“.
Макфакс Американскиот генерал Џон Ален кој беше на чело на силите на НАТО во Авганистан до почетокот на февруари,

loading...