Ако сте дел од луѓето кои го чекаат последниот момент за пакување подароци, тогаш ова е идеално за вас.
Пакувањето на подароци не е толку едноставно колку што изгледа, па често нè прави да се чувствуваме исфрустрирано и очајно, бидејќи подароците не ни се репрезентативни.
Јутјуберката Кали Бранчифорте, одлучила да им помогне на нејзините следачи, па споделила неколку одлични трикови, кои баш секој може да ги примени.
Дефинитивно најдобро е дијагоналното пакување подароци, со кои трошите помала количина украсна хартија, а подарокот изгледа многу поуредно, отколку кога користите класичните методи за пакување.