Герасимовски: Граѓаните да пријавуваат штети од невремето на бројот 112

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, веднаш по денешното невреме излезе
на терен и заедно со припадниците на МВР изврши увид на неколку локации во Општина Центар
каде граѓаните имаа пријавено штети.
Паднат е лим од покрив на улица „Црвена Вода“, кој оштетил неколку возила кои биле паркирани
во непосредна близина на зградата, а пристигнати се и неколку пријави за паднати дрва на повеќе
локации во општината.
„Веќе од понеделник ќе формираме посебен тим од општината кој ќе излегува на терен по
временски непогоди и ќе врши увид во состојбата. Жителите на Центар сите поголеми штети од
невремето можат да ги пријавуваат на бројот за итни случаи 112, од каде ќе бидат проследени до
општинскиот штаб за управување со кризи“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.