Германија ги заостри мерките за пристигнување на невакцинирани лица од две европски земји

Loading...

Германија ги класифицираше Шпанија и Холандија во зони со висока инциденца за коронавирус, а невакцинираните ќе мора да бидат изолирани најмалку пет дена по пристигнувањето од тие земји.
Одлуката се совпаѓа со летните одмори што многу германски семејства ги минуваат на сончевите медитерански плажи на Шпанија или на брегот на Северното Море во Холандија.
Речиси половина од Германците не треба да одат во изолација затоа што ги примиле и двете дози на вакцина против Ковид, но само два проценти од населението на возраст под 18 години ги примило тие две дози.


Во Шпанија во последните неколку недели беше забележан брз пораст на бројот на новозаразени. Така, од средината на јуни до средината на јули, бројот на заразени се зголеми за пет пати.
Според шпанските власти, со вакцинирањето на населението и бројот на хоспитализации којшто е под контрола, инциденцата повеќе не е вистински показател за епидемиолошката состојба.
Германија има 17 нови инфекции на 100.000 жители во последните две недели, а во истиот период Шпанија има 624 и Холандија 670 нови случаи на Ковид-19, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести.
Патниците од земјите со голема инциденца нема да мораат да бидат во итна изолација во Германија доколку имале Ковид-19 во последните шест месеци.
Новите мерки на германските власти за патниците кои пристигнуваат од Шпанија и Холандија стапуваат на сила во вторник, на 27 јули.

loading...
Loading...