Германија го блокираше шпанското снабдување со тенкови за Украина, каков договор има западот по ова прашање?

Шпигел пишува дека Берлин не се согласува со плановите на Мадрид да го снабде Киев со 40 стари тенкови Леопард 2 од германско производство. Доколку Берлин се согласеше, ова ќе беше првпат тенковите на НАТО да и бидат испорачани на Украина.

Шпанците нагло се повлекоа од намерите, бидејќи германската влада ги предупреди дека овој потег ќе биде отстапување од (иако неформална) одлука донесена од сите западни сојузници да не го снабдуваат Киев со тенкови.

Така, испадна дека земјите од Западот имаат договор да не испорачуваат тенкови на Украина, иако Киев многупати го побарал тоа.

Ова е текстот во кој ПУЛС24 објави кои се плановите на Шпанија за германиските тенкови Леопард:

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.