Германскиот министер за одбрана Борис Писториус предупреди на сериозна закана за безбедноста на Германија и потенцираше дека земјата мора внимателно да реагира на упадите на беспилотни летала во својот воздушен простор. Тој истакна дека пребрзата реакција би можела да доведе до „стапица за ескалација“ на рускиот претседател Владимир Путин, што би можело да предизвика непотребна тензија.
„Не смееме да паднеме во стапицата за ескалација на Путин. Да го соборевме авионот, тој ќе тврдеше дека тоа е грешка на пилотот и дека соборивме невин млад човек“, изјави Писториус за весникот Ханделсблат.
Министерот нагласи дека Германија мора да ги разгледа сите релевантни закани, а не само нападите со беспилотни летала, за да може да поврзе на прв поглед неповрзани настани, како шумски пожари или прекини на електрична енергија во различни региони.
Писториус додаде дека Германија треба да го следи примерот на Франција и да воведе поактивна државна контрола врз клучните одбранбени компании, со цел да ја зајакне националната безбедност и да ги минимизира ризиците од непредвидени инциденти.



