Германија од април ќе дозволи двојно државјанство, како и побрзо добивање пасоши за странците кои живеат таму.
Овој петок германскиот Бундестаг треба да гласа за законот за полесно стекнување германско државјанство, чии правила ќе стапат на сила во април.
- Блинкен се сретна со кинескиот МНР на маргините на Генералното собрание на ОНАмериканскиот државен секретар Ентони Блинкен и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји… Read more: Блинкен се сретна со кинескиот МНР на маргините на Генералното собрание на ОН
- Холандската полиција жртва на масовен хакерски напад: Украдени се имињата на сите полицајциИмињата на сите холандски полицајци се украдени во сајбер напад, изјави денеска министерот… Read more: Холандската полиција жртва на масовен хакерски напад: Украдени се имињата на сите полицајци
- Само Данска ја спровела директивата навреме, ЕУ покрена постапка против 26 од 27 земји-членкиРечиси сите членки на Европската унија, вклучително и Германија, доцнат со приспособувањето на… Read more: Само Данска ја спровела директивата навреме, ЕУ покрена постапка против 26 од 27 земји-членки
- Тажна вест: Македонката Наташа Соврановски, која беше исчезната е пронајдена мртваМакедонката Наташа Соврановски, која беше пријавена за исчезната на 2 септември во Германија,… Read more: Тажна вест: Македонката Наташа Соврановски, која беше исчезната е пронајдена мртва
- Кумановец баран за апсење почина откако случајно падна и си ја удри главата пред стадионот на БашкимиВчера во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники… Read more: Кумановец баран за апсење почина откако случајно падна и си ја удри главата пред стадионот на Башкими
Не само што странците побрзо ќе добијат германски пасош, туку ќе се овозможи и двојно државјанство, што начелно беше забрането до сега.
Вака Владата на Олаф Шолц, во која освен неговите социјалдемократи, се и Зелените и либералите, ќе стави крај на децениската тешка демохристијанска логика, според која лојалноста кон Германија требаше да се докаже со откажување од претходното државјанство.
Опозицијата и натаму бесна вели дека властите сакаат да го дадат германскиот пасош за „безвреден“.
Актуелната влада се води од објаснувањето дека Германија итно треба да привлече способни работници од целиот свет, ако не сака да го прокоцка просперитетот.
– Двојното државјанство не е само економски значаен инструмент за привлекување на квалификувана работна сила, туку и задоцнето признавање на големите заслуги на луѓето со имиграциска историја во Германија – нагласува пратеникот на социјалдемократите Адис Ахметовиќ, чии родители побегнале во Германија од Босна во 1990-тите . .
Се проценува дека околу 12 милиони странци кои живеат во Германија, што е приближно половина, веќе ги исполнуваат новите поедноставени услови за државјанство.
Што се менува во правилата?
Досега, само државјаните на земјите-членки на ЕУ или на Швајцарија можеа да добијат двојно државјанство . Исклучок беа граѓаните на земјите кои не ги ослободуваат граѓаните од државјанство, како што е Мароко.
За неколку месеци и граѓаните на Македонија ќе можат да аплицираат за германско државјанство, без да мора да се откажат од македонското државјанство, што беше услов до сега.
Исто така, од април барањето за германско државјанство ќе може да се поднесува по пет години престој во земјата, наместо досегашните осум.
Во посебни случаи, барањето може да се поднесе веќе по три години. На пример, ако некој покаже исклучителен напредок во јазикот, на работа или на училиште, или се вклучи во волонтирање во некои организации.
Децата на имигрантите родени во Германија автоматски ќе добијат државјанство доколку нивните родители живеат во земјата најмалку пет години. Ова важи и за децата бегалци.
Генерацијата на стари гастарбајтери, кои во педесеттите и шеесетите заминаа во Западна Германија, нема да мора ни да полагаат јазичен тест, доволно е да се комуницира на германски.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.