Германија ја тргна Македонија од листа на ризични ковид – држави

Loading...

Македонија повеќе не се смета за ризична држава за патување поради состојбата со ковид-19 од страна на Државниот германски институт „Роберт Кох“. Овој институт вчера ја обнови листата ризични на земји и региони за патување поради состојбата со ковид-19.
Покрај Македонија, повеќето земји од регионот кои се наоѓаа на листата, сега се тргнати: Грција, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора. Германскиот институт повеќе не ги смета за ризични и: САД, Украина, Швајцарија, Португалија, Норвешка, Молдавија, Либија, Кипар, Канада, Азербејџан и Австрија Ерменија.
Високоризични се Малезија, Монголија, Намибија и Шри Ланка.

loading...