Вајдел најавува излегување на Германија од ЕУ доколку АфД дојде на власт
Претседателката на Алтернатива за Германија ( АфД ), Алиса Вајдел денеска изјави дека, доколку таа партија дојде на власт, ќе се заложи за референдум за членство во Европската унија, по моделот на Брегзит.
- Сиљановска се сретна со БајденПретседателката Гордана Сиљановска Давкова, за време на официјалниот престој во САД во рамките на… Read more: Сиљановска се сретна со Бајден
- Оваа жена е мајка на најубавото момче на светот: Никој не остана рамнодушен на неговите очи, роден е да биде светска ѕвезда, но живее во најголема бедаНа TikTok се појави видео од семејство од Пакистан на кое се гледа мајка… Read more: Оваа жена е мајка на најубавото момче на светот: Никој не остана рамнодушен на неговите очи, роден е да биде светска ѕвезда, но живее во најголема беда
- Вучевиќ за воведувањето на воениот рок: 14 изгубени генерацииПремиерот на Србија, Милош Вучевиќ, денеска оцени дека одлуката за враќање на задолжителниот воен… Read more: Вучевиќ за воведувањето на воениот рок: 14 изгубени генерации
- Поранешниот шеф на БИА откри детали од разговорот со шефот на ЦИАСрпскиот вицепремиер Александар Вулин денеска реагираше на говорот на пратеничката во Народното собрание, Славица… Read more: Поранешниот шеф на БИА откри детали од разговорот со шефот на ЦИА
- Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУВласта ја оствари својата цел, а тоа е Македонија да ја оддалечи од ЕУ.… Read more: Петровска: ДПМНЕ ја оствари својата цел, ја оддалечи земјата од ЕУ
„Тоа е модел за Германија“, изјави Вајдел за „Фајненшл тајмс“.
Таа додаде дека АфД ќе се обиде да ја реформира Европската унија и да го отстрани нејзиниот „демократски дефицит“, вклучително и ограничување на овластувањата на Европската комисија, за која вели дека претставува „неизбрана извршна власт“.
„Меѓутоа, ако реформите не се можни, ако не успееме да го вратиме суверенитетот на земјите-членки на ЕУ, треба да го оставиме народот да одлучи, исто како што направи Велика Британија. И би можеле да имаме референдум за Дексит – излегување на Германија од ЕУ. – изјави Вајдел.
Германскиот устав поставува строги ограничувања на националните плебисцити, па дури и да се одржат, анкетите покажуваат дека огромното мнозинство Германци би гласале за останување во ЕУ, пишува весникот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.