Германската влада даде согласност за прием на Македонија во НАТО

Loading...

Владата на Германија даде согласност за прием на Македонија во НАТО и ќе се залага процесот да биде завршен брзо, пренесува “Дојче Веле“.
“Свртниците за приклучување на Република Северна Македонија во НАТО се поставени. Во февруари 2019 година земјите членки би требало да го потпишат Протоколот за приклучување“, соопштува владата во Берлин и додава дека ќе се залага тој процес да се одвива брзо за „уште истиот месец да може да следи формалното приклучување“, е наведено во соопштението од Владата во Берлин пренесува порталот.

loading...