Германската полиција е убедена дека Кристијан е одговорен за исчезнувањето на Медлин: Тие го решија скоро целиот случај

Loading...

Германската полиција реши 90% од случајот со исчезнување на Медлин Мекан и се „многу убедени“ дека Кристијан Брукнер е одговорен, покажуваат извештаите.

Дитер Фехингер, татко на поранешната љубовница на Брукнер, Никола Фехлингер, вели дека разговарал со полицијата која се  приближува до осудениот педофил. 

– Ми рекоа дека решиле 90% од случајот и постапиле многу самоуверено – рече Фехлингер, пренесува „Дејли меил“. 

Фехлингер го запознал Брукнер истата година кога Медлин исчезна. Педофилот му се пофалил дека може да „сокрие дрога, па дури и деца“ во своето комбе.

Германецот Кристијан Брукнер е првиот осомничен за киднапирање и убиство на Мадлин Мекан (3) во 2007 година додека таа беше на годишен одмор во Праја да Луз во Португалија и во моментов се наоѓа во германски затвор за дрога, пренесува „Дејли меил“.

 

loading...